Sunday, April 24, 2011

август/септември

26ти август

На денешен ден 1910, во Скопје е родена Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу), основач на милосрдието. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Умре во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година.
26 август 1972 година отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен, Германија, кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.
26 август 1498 година Микеланџело бил најмен да ја направи скулптурата Пиета. Ја завршил следната година, а денес е сместена во Базиликата Свети Петар во Ватикан.
‎26 август 1974 година почина Чарлс Линберг, американски авијатичар кој прв со моторен авион го прелета Атлантикот на 20 и 21 мај во 1927 година. Тој полета од Њујорк и се спушти во Париз, прелетувајќи 5.836 километри за 33 часа и 32 минути. Роден е во 1902 година.
26 август 1978 година Јан Зигмунд како прв Германец полета во вселената во советскиот брод „Сојуз 31“.


27ми август

 
На денешен ден во 2003-та година Марс помина покрај Земјата на оддалеченост од 55,76 милиони километри, најблиску од каменото време.
27 август 1916 година во Белград почина Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирите остро ги критикува приликите во босанското село под австриска окупација. Негови најзначајни дела се „Јазовецот пред суд“, „Суданија“ и други. Роден е во селото Стричиќи, кај Бања Лука, на 29 јуни 1877 година.
27 август 2000 година изгоре Останкино, најголемиот објект во Европа, симбол на руската престолнина изграден со човечки раце. Зданието, високо над 500 метри, беше изградено во 1967 година според плановите на архитектот Николај Никитин. Пожарот во кој загинаа три лица предизвика прекин на телевисиската програма ширум Русија.
27 август 1890 година роден е американскиот сликар, фотограф и филмски режизер Емануел Радински, познат како Мен Реј, кој во 1915 година со францускиот вајар и сликар Марсел Дишанон го основаа дадаизмот.
27 август 1871 година во Терехат, Индијана, во САД, е роден Теодор Драјзер, американски романсиер и раскажувач. Првиот роман „Сестрата Кери“, според мислењето на некои критичари, е неговото најдобро дело, кое цензурата го забрани. Сè до објавувањето на романот „Џени Герхарт“ десет години пишуваше за илустрирани забавни модерни списанија. Потоа ги напиша познатите романи „Финансиер“, „Титан“, „Стоик“ и „Американската трагедија“. Умре во 1945 година.

29ти август

 
29 август 1958 година роден е американскиот поп-пејач со африканско потекло Мајкл Џозеф Џексон, познат по екстравагантниот живот, кој се стекна со светска слава. Тој предизвика презир кај црнците кога со низа хируршки интеревенции се обиде да стане „белец“. Почина во својот дом во Калифорнија, од срцев удар, на 26 јуни 2009 година.
29 август 1987 година во Медицинскиот центар во Тусон (САД) почина Ли Марвин, познат американски артист, добитник на наградата „Оскар“. На публиката и е познат по вонредните артистички остварувања во филмовите „Кет Белоу“, „Човекот што го уби Либерти Валанс“, „Дванаесетмината жигосани“ и во други филмови. Роден е во 1922 година.
29 август 1949 година СССР го извршил првото тестирање на атомска бомба на полигон во Казахстан.
29 август 1915 година во Стокхолм е родена Ингрид Бергман, една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд, со шведско потекло, чии остварувања се вбројуваат меѓу најголемите дострели на „седмата уметност“. Почина во Лондон на истиот датум 29 август-1982 година.
29 август 1882 година во Велес почина Јордан Хаџи Константинов - Џинот, македонски преродбеник, еден од најпродуктивните културни работници од 19. век, поет, учител, метеоролог, филозоф, етнолог, новинар, собирач на старини и борец против фанариотското движење. Познати негови дела се „Таблица перваја“, „Плач на скопското училиште многу трудное“, „Аврора“, „Труд ми е името“, „Минерва и деветте музи“, „Разговор или вистински човек“, „Училишта и учење“ и др. Роден е во Велес, во 1820 година.
‎29 август 1632 година роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како политички филозоф се залага за верска толеранција и почитување на мислењата на другите, за ограничување на владеачката моќ, како и за законска заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните.

 2ри септември

 
2 септември 1666 година во Лондон изби катастрофален пожар. Oгнената стихија за пет дена речиси го уништи градот, вклучувајќи и 97 цркви меѓу кои и катедралата „Свети Павле“.
2 септември 1910 година почина францускиот самоук сликар Анри Русо, викан „Цариник“.
2 септември 1937 година почина францускиот историчар и педагог Пјер де Кубертен, обновувач на Олимписките игри според угледот на спортските натпревари во стара Грција. Благодарение на него, во Атина во 1896 година се одржани првите модерни Олимписки игри. Погребан е во Женева, а неговото срце по негова желба е погребано на Олимп, престолнината на античките Олимписки игри.
‎2 септември 1941 година македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба. Живееше во стан на шести кат во Софија. Во тој период Неделкоски беше член на една диверзантска група. Најпознати негови дела се збирките песни „Молскавици“ и „Пеш по светот“. Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.
‎2 септември 1944 година Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, што ја одржа во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донесе одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одигра мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
2 септември 1991 година во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија. Геронтолошкиот Институт претставува стручна институција од посебен јавен карактер, која перманентно ги усовршува методите и облиците на здравствена и социјална заштита на стари лица, базирана на теоретски и емпириски валидизирани геронтолошки - геријатриски, научно - стручни сознанија, преку примена на медицинската и социјалната геронтологија.
2 септември 1964 година роден е Keanu Reeves, канадски актер. Кариерата ја започна во осумдесеттите години на минатиот век, глуми во филмови и во театар.
‎2 септември 1966 година родена е Salma Hayek, мексиканска актерка, ТВ режисерка и ТВ продуцентка. Таа е првата мексиканка номинирана за “Оскар“ за најдобра актерка.

5ти септември

 

Tuesday, April 12, 2011

13ти Април

На денешен ден починал првиот декан на медицински факултет.
На денешен ден е објавено дека Марија Кери го пронашла новиот елемент - радиусот.